Кружни трки Скопје 2017

ВИДЕО: Страшниот инцидент на Кружните трки во Скопје

Кружните трки по долго време повторно се вратија на улиците во Скопје, но кам-бекот го одбележа сериозен инцидент, кој ја прекина трката „Скопје 2017".

 

Урош Бркиќ, возач кој настапуваше на трката, со својата Хонда тринаесет круга до крајот на трката во четвртата дивизија излета од патеката и удри во бандера, а потоа и во едно од рекламните паноа.

Покрај возачот, повредено е и едно службено лице, а двајцата се префрлени во болница.

Погледнете го видеото од страшниот инцидент на кружната трка „Скопје 2017", кога српскиот возач Урош Бркиќ загуби контрола над своето возило, излета надвор од патеката и таму налета на главниот организатор на оваа трка, Александар Димушевски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари