ТЕНЗИЧНО ВО ТЕТОВО

ВИДЕО: Физичка пресметка помеѓу капитените на Шкендија и Вардар

Сосема оправдано, главниот судија има покажа директен црвен картон, а пред да го напушти зелениот терен, Грнчаров беше погоден со тврд предмет

Реванш полуфиналниот дуел од Купот на Македонија, помеѓу екипите на Шкендија и Вардар, беше прекинат во 30 минута, откако капитените на двата тима, Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров се обидоа физички да се пресметаат пред очите на главниот арбитар, Александар Ставрев.

Сосема оправдано, главниот судија има покажа директен црвен картон, а пред да го напушти зелениот терен, Грнчаров беше погоден со тврд предмет.

Веднаш потоа настана мешаница на средината на теренот после која дел од публиката влезе на теренот, па фудбалерите на Вардар и судиите влегоа во соблекувалната.

ФОТО: ФК Вардар

Поврзани

Најнови вести

Коментари