ВИДЕО: „Едно име имаме“ ечеше во Загреб

Долго во ноќта во клубот „Роко" во Загреб каде што е фан-зоната на македонските навивачи се славеше вечерашната победа против Црна Гора.

Претходно, македонските ракометари ја победија и Словенија, а во прелиминарната фаза им останува уште средбата со Германија, во среда, на 17 јануари.

Забава, музика, убаво друштво, позитивен резултат на ЕП. Што уште може да посакаат навивачите во Загреб? Вака да продолжи и во Вараждин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари