БОБАН ГРНЧАРОВ

Верувам дека ќе играме офанзивно, на гол повеќе

Меѓутоа ниту групната фаза од Лигата на Европа не е за потценување. За нас е големо достигнување, среќни сме што сме тука, и сега ќе дадеме се од себе за добар резултат, изјави Грнчаров

Вардаровиот капитен Бобан Грнчаров ги откри своите очекувања кога е во прашање денешниот дуел од првото коло во групната фаза од Лига Европа, против рускиот гигант Зенит.

Верувам дека ќе играме офанзивно, на гол повеќе од противникот. Играме на нашиот стадион пред нашата публика. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да нè поддржат. Играме одлично дома во Европа, од три натпревари имаме три победи, и посакуваме утре да ја продолжиме таа серија и да ги освоиме првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа. Немаме што да загубиме, туку можеме само да добиеме во ова натпреварување. Кога почнавме да играме во Европа, нашата цел беше да влеземе во групната фаза од Лигата на шампионите. Но не успеавме со поразот во Копенхаген. Меѓутоа ниту групната фаза од Лигата на Европа не е за потценување. За нас е големо достигнување, среќни сме што сме тука, и сега ќе дадеме се од себе за добар резултат, изјави Грнчаров.

ФОТО: Д.Митрески

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари