Регионална лига

Вардарки со половина тим го решија Будуќност

Ракометарките на Вардар со победа против Будуќност 24:22 ја отворија новата сезона во Регионалната лига. Првиот турнир во новата сезона во регионалната лига се игра во Подгорица. Во вториот натпревар, утре Вардар ќе игра против Крим.

На турнирот во Подгорица, Вардар настапува само со 13 ракометарки, бидејќи поради повреди во Скопје останаа Кузнецова, Лејно, Бајрамовска, Лакрабер и Лазовиќ.

Јованка Радичевиќ беше најефикасна во составот на Вардар со седум гола. Еден помалку постигна Андреа Пенезиќ, а Андреа Лекиќ заврши со пет погодоци. Добра партија на голот на Вардар имаше Ина Суслина со 12 одбрани.

Поврзани

Најнови вести

Коментари