Турнир во Гумерзбах

Вардар загуби од Рајн Некар

Тренерот Раул Гонзалез не можеше да смета на Лука Циндриќ, Страхиња Милиќ и Владо Недановски кои се пожалија повреда. Во тимот беа четворица млади ракометари, Марко Кизиќ кој дебитираше со 16 години, заедно со Даниел Ѓорѓески, Тоше Ончев и Мартин Поповски

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Вардар ќе игра за третото место на турнирот во Гумерзбах, Германија откако во полуфиналето денеска Рајн Некар беше подобар и триумфираше со 34-25 (14:10). Наш ривал во утрешниот меч за бронзен медал ќе биде домаќинот на турнирот, тимот на Гумерзбах. Тој меч е закажан за 13,30 часот.

Тренерот Раул Гонзалез не можеше да смета на Лука Циндриќ, Страхиња Милиќ и Владо Недановски кои се пожалија повреда. Во тимот беа четворица млади ракометари, Марко Кизиќ кој дебитираше со 16 години, заедно со Даниел Ѓорѓески, Тоше Ончев и Мартин Поповски.

Вуко Борозан беше најефикасен во тимот на Вардаер со 8 гола, Македа постигна 6, Карачиќ 5, Ончев 2, а по еден Поповски, Криштопанс, Мораеш, Чупиќ, Дибиров и Шишкарев.

Најнови вести

Коментари