СТАРТУВА "ЦРВЕНО-ЦРНАТА" АВАНТУРА ВО ГРУПНАТА ФАЗА ОД ЛЕ

Вардар не смее да се плаши од Зенит

Сосема очекувано, гостинскиот тим ја има улогата на апсолутен фаворит, а според последните информации кои пристигнуваат од Русија, дефанзивците на Вардар мора да посветат посебно внимание на Александр Кокорин, Јури Жирков, Емануел Мамана, Бранислав Ивановиќ и на Леандро Паредес

Дојде денот, а за неколку часа ќе дојде и моментот кога актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар, ќе го стартува првиот натпревар во групната фаза од најмасовното клупско натпреварување, Лига Европа.

Четата на Чедомир Јаневски за противник го има рускиот гигант Зенит, кој е предводен од трофејниот италијански стручњак Роберто Манчини.

Сосема очекувано, гостинскиот тим ја има улогата на апсолутен фаворит, а според последните информации кои пристигнуваат од Русија, дефанзивците на Вардар мора да посветат посебно внимание на Александр Кокорин, Јури Жирков, Емануел Мамана, Бранислав Ивановиќ и на Леандро Паредес.

Ако аргентинската колонија е најголема опасност за "црвено-црниот# табор, тогаш гостинот најмногу треба да стравува од ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан, кој е убеден дека Вардар на домашен терен може да се надигрува со секој противник.

Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат. Повеќе публика, тоа подобро за нас. Тие се нашиот 12-ти играч, ни даваат мотив да играме и да се претставиме во најдобро издание. Ние ќе им се оддолжиме со максимална игра и се надевам на крајот со победа. Дојдовме до групната фаза, и сега треба да мислиме како да освоиме што повеќе бодови во натпреварите кои претстојат. Исто така во овој натпревар влегуваме во добра серија од пет победи која се надеваме и посакуваме да продолжи, изјави брзоногиот напаѓач за официјалниот сајт на ФК Вардар.

Дуелот помеѓу Вардар и Зенит ќе стратува во 21:05 часот, а на националната арена "Филип Втори" се очекуваат и околу 500 фанови на гостинскиот тим.

Денеска на програмата: ГРУПА А: Славија П. - Макаби ТА, Вилјареал - Астана. ГРУПА Б: Динамо К. - Скендербег, Јанг Бојс - Партизан. ГРУПА Ц: Хофенхајм - Брага, Истанбул Б. - Лудогорец. ГРУПА Д: Австрија В. - Милан, Ријека - АЕК. ГРУПА Е: Аполон - Лион, Аталанта - Евртон. ГРУПА Ф: Копенхаген - Локомотив М., Злин - Шериф. ГРУПА Г: ФК Букурешт - Викторија П., Хапоел БШ - Лугано. ГРУПА Х: Арсенал - Келн, Црвена З. - БАТЕ Б. ГРУПА И: Марсеј - Конијаспор, Виторија - Салцбург. ГРУПА Ј: Херта - Атлетик Б., Зорја - Оестерсунд. ГРУПА К: Витезе - Лацио, Зулте - Ница. ГРУПА Л: Вардар - Зенит, Сосиедад - Розенборг.

ФОТО: Д.Митрески

Поврзани

Најнови вести

Коментари