По поразот од Рајн Некар Левен

Вардар му се истури на Гумерсбах

Европскиот ракометен шампион Вардар конечно одигран одлични 60 минути во подготовките на новата сезона, откако го совладаа Гумерсбах со 37:26 (18:11).

 Со оваа победа „црвено – црните го освои третото место на турнирот и сега ќе се подготвува за настапот на Супер Глоуб во Катар.

Тренерот Раул Гонзалез повторно им даде шанса речиси на сите ракометри, а откако Вардар направи предност од „плус 10", (28:18) тогаш во игра влегоа и Тоше Ончев и Мартин Поповски, а како плејмејкер во второт полувреме играше и Јања Војводиќ. На голот беше Даниел Ѓорѓески. И на овој меч вардарци играа без Недановски, Милиќ и Циндриќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари