Вардар го запиша и Некар на победничката листата

Ракометарите на Вардар со сигурна игра во текот на сите 60 минути ја обезбедија седмата победа во групата и го совладаа германскиот првак Рајн Некар Ловен со 30:26.

На прес-конференцијата тренерот на „црвено-црните" Раул Гонзалес изјави дека е задоволен од играта и победата на тим од најсилната лига во светот.

– Јас сум задоволен од играта и што победивме тим од германската лига, која е најсилна на светот. Добро се подготвивме за играта „7 на 6". Имавме и добар старт и одигравме подобро и од дуелот со Барселона, рече тој.

Хрватскиот интернационалец во дресот на Вардар Игор Карачиќ постигна три голови.

– Ги следевме во текот на целата сезона. Ние се подготвивме за овој натпревар. Добро ја знаевме нивната игра. Ги исполнивме сите замисли на Раул од „а до ш", изјави по средбата Карачиќ.

Во следното коло Вардар гостува кај Рајн Некар Ловен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари