НОВ ПАРТНЕР ЗА МУСТАФИ

Ван Дајк нов дефанзивен столб на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека поранешниот фудбалер на Феенорд и на Селтик ќе биде идеален партнер за германскиот интернационалец, Шкодран Мустафи

Во следните неколку дена, лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе испрати официјална понуда за холандскиот интернационалец од редовите на Саутемптон, Џирџил ван Дајк.

Раководните лица на популарните "топчии" се убедени дека се потребни околу 45 мил. фунти за да се осигураат услугите на централниот дефанзивец кој важи за голема желба и на раководните лица на Ливерпул.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека поранешниот фудбалер на Феенорд и на Селтик ќе биде идеален партнер за германскиот интернационалец, Шкодран Мустафи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари