УЕФА не го прифати планот на Милан

Европската фудбалска унија (УЕФА) не го прифати предлогот на фудбалскиот клуб Милан за доброволниот договор за финансискиот ферплеј и набргу ќе ја одреди казната за италијанскиот великан.

Како што пишуваат „Кориере дела Сера“ и „Кориере дело спорт“, челниците на Милан го преставиле планот за кој мислат дека на клубот во наредните години ќе му донесе економска стабилност, но луѓето од УЕФА не биле убедени во нивните тврдења.

Милан се соочува со парична казна, можно е да добие и трансфер-ограничувања, а во најлош случај УЕФА ќе го исфрли од европските купови.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, пред две недели изјави дека е загрижен за состојбите во Милан и дека не ја исклучува можноста клубот да биде казнет.

Ова преставува дополнителен притисок врз сопственикот на клубот, Кинезот Ли Јонгхонг. Можните санкции на клубот му се закануваат кога вчера беше објавено дека милијардерот од Саудиска Арабија, Фаваз Алхокаир, сака да го купи Милан од Ли Јонгхонг.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари