Поради неа сопругот доби ангажман во нисколигаш

Убавицата со најголеми гради во Британија донесе гламур во седмата лига

Поранешниот фудбалер на премиерлигашите Ливерпул и Арсенал, Џермејн Пенант, својата фудбалска кариера ќе ја заврши во седмата англиска лига. Оваа вест ја пренесоа медиумите на Островот, а Пенант своите вештини на зелениот терен ќе ги покаже во тимот на Билеркеј Таун.

Ова е истиот тим кој пред една недела ги отпушти мажоретките заради тоа што им го одвлекувале вниманието на фудбалерите, по порака им ги испраќале своите телефонски броеви на фудбалерите излегувале со нив и ги исцрпувале.

Токму заради тоа одредени англиски медиуми наведуваат дека Билеркеј Таун го ангажирал Пенант, заради неговата секси сопруга Алис Гудвин, сопственичката на најголемите гради во Британија.

Идејата на челниците на клубот е старлетата со својата појава да привлече внимание на тимот и да им направи реклама. Инаку, Пенант ќе заработува по 150.000 фунти годишно, цифра која воопшто не е мала за еден седмолигаш.

Поврзани

Најнови вести

Коментари