Светската антидопинг агенција со закана до Русите

Тргнете ја Исинбаева од чело на федерацијата и ќе ви биде укината суспензијата

Руската антидопинг агенција на крајот од 2015 година остана без лиценца, а ВАДА соопшти четири услови за враќање на лиценцата, меѓу кои е и заминувањето на двократната олимписка шампионка од челната функција на федерацијата

Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека светската рекордерка во скок со стап Јелена Исинбаева, мора да биде тргната од чело на Руската атлетска федерација, бидејќи само на овој начин оваа организација повторно ќе добие лиценца.

Руската антидопинг агенција на крајот од 2015 година остана без лиценца, а ВАДА соопшти четири услови за враќање на лиценцата, меѓу кои е и заминувањето на двократната олимписка шампионка од челната функција на федерацијата.

Исинбаева беше исклучително остра во однос на Светската атлетска федерација да ги суспендира руските атлетичари.

Независен извештај на ВАДА докажа дека Русија во последните неколку години имаше допинг програма која ја спонзорираше државата. Суспензијата која е изречена во ноември 2015 година се уште е на сила и руските атлетичари не учествуваа на Олимписките игри во Рио де Жанеиро со исклучок на Дарија Клишина.

Други промени кои ги бара ВАДА се и луѓето кои вршат тестирање да имаат пристап до таканаречените затворени градови, каде спортистите бараат прибежиште за да не бидат тестирани. Исто така се бара пристап до биолошките пасоши на атлетичарите и имплементација на правилата за разликите околу интересите.

Светската антидопинг исто така објави дека основала ново независно тело за тестирање кое ќе функционира под швајцарска надлежност. Тоа би требало да биде спремно до Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари