МЗТ Скопје повторно поразен

Тодоров: Со тие ресурси, тие се играчите

Не смеевме да се доведеме во ситуација да го решаваме мечот со последен шут, туку требаше порано да го решиме мечот. Едноставно тие се ресурсите, тоа се играчите. Буџетот е лимитиран и мора да ги бараме корекциите во нашите редови. Тоа се играчите, и мора да работиме да се подобри играта, изјави Тодоров

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, изрази разочарување по третиот пораз во низа, откако овој пар, „металците“ загубија во првото коло од домажното првенство од екипата на Карпош соколи со 85:83. 

Две дијаметрално различни полувремиња. Во првото примивме 50 поени, а во второто само 35, макар што и овие вторите не се достигнување со кое треба да се фалиме. Тоа од каде што знаевме дека ќе дојде главниот проблем, а тоа се шутевите од надвор на високи играчи го одигравме исклучително лошо. Не смеевме да се доведеме во ситуација да го решаваме мечот со последен шут, туку требаше порано да го решиме мечот. Едноставно тие се ресурсите, тоа се играчите. Буџетот е лимитиран и мора да ги бараме корекциите во нашите редови. Тоа се играчите, и мора да работиме да се подобри играта, изјави Тодоров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари