Мастерс турнир во Рим

Тим го елиминираше Надал

Австриецот Доминик Тим го приреди најголемото изненадување на мастерсот во Рим, откако го елиминирше Шпанецот Рафаел Надал во четвртфиналето со 6:4, 6:3.

Австриецот на тој начин му се реваншираше на Шпанецот за поразот во финалињата во Барселона и во Мадрид оваа пролет, доаѓајќи до втората победа во шест одиграни меча против четвртиот светски тенисер.

23-годишниот тенисер сега во битката за финале ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро, кој се игра од 21 часот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари