Таткото на Нејмар одби да ги демантира шпекулациите за Реал Мадрид

Бразилскиот ас Нејмар во текот на летниот преоден рок за неверојатна и рекордна сума од 222 милиони евра ја замени Барселона со францускиот вицешампион Пари Сен Жермен, но ова не ги запре медиумите повторно да шпекулираат за неговата иднина и овој пат да го поврзуваат со Реал Мадрид.

Таа опција не ја отфрла таткото на Нејмар со тоа што истата би за разгледувала во иднина, а не во моментов или по крајот на актуелнава кампања.

– Работите можат брзо да се променат, не можете во ништо да бидете сигурни. Во моментов не размислува не размислува за напуштање на ПСЖ. Не можам да говорам за тоа што ќе се случи во наредните пет-шест години. Нејмар има договор со ПСЖ, само што дојде таму. Тука сме само три месеци, вели Нејмар Сениор Кој беше главен виновник за преминот на неговиот син во ПСЖ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари