Македонија против Русија го игра првиот меч на СП во Алжир

Талески: Можеме да го освоиме второто место во групата

Избраниците на селекторот Илија Темелковски, денеска од 14. 00 часот играат против Русија, а во наредните денови во групната фаза ќе ги одмерат силите и со селкциите на Буркина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил

Јуниорската ракометна репрезентација на Макеедонија, денеска од 14.00 часот ќе го одигра првиот натпревар во Ц – групата на Светското првенство во Алжир. Русија е една од подобрите селкции во групата, но избраниците на селекторот Илија Темелковски, подготвени се да го дадат максимумот на секој натпревар. Освен со Русија "црвено – жолтите" редоследно на овој шампионат ќе играат и со Брукина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил. Првите четири репрезентаци од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата.

-При крајот на подготовките акцентот го ставивме на Русија, репрезентација со која го играме првиот натпревар. Се работи за исклучително добра селекција, но мислам дека можеме да ги добиеме. Со Буркина Фасо не би требало да имаме проблеми, а за останатите репрезентации ќе мислиме кога ќе дојде време за тоа. Ќе се адаптираме на сите противници и ќе го дадеме максимумот на сите натпревари. Сите ракометари освен добра игра ќе мора да покажат и дисциплина и во нападот и во одбраната, вели Темелковски.

Капитенот на репрезентацијата и член на германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен, Филип Талевски, пред првиот настап на првенството изјави дека сега се позрели и може да направат многу повеќе.

-Оваа генерација со мали исклучоци ја чека уште две години младински првенства, за нас постарите, поточно оние коишто сме родени 96/97 годиште, ова е последно Светско првенство. На претходните континентални шампионати, не го покажавме најдоброто. Позрели сме, можеме да направиме многу повеќе, дел од играчите имаат искуство во ЛШ и во СЕХА, имаме и интернационалци. Групата е интересна и мислам дека може да бидеме втори или трети. Знаеме што нè очекува, тој систем на игра е многу потежок. Треба да бидеме психички подготовени. Нема да биде лесно, затоа ќе одиме чекор по чекор, вели Талески.

Во Алжир боите на Македонија ќе ги бранат следниве ракометари:

Филип Талевски, Филип Кузмановски, Димитар Димитриоски, Никола Даниловски, Иван Џонов, Горан Крстевски,Филип Арсеновски, Мартин Томовски, Мартин Велковски, Милан Лазаревски, Марио Танкоски, Марко Нелоски, Мице Шилегов, Давор Палевски, Дарио Петровски и Томислав Јагуриноски.

Распоред на натпревари: денеска: Македонија – Русија (14.00 ч.), 20 јули: Буркина Фасо – Македонија (20.00), 21 јули: Македонија – Тунис (18.00), 23 јули: Македонија -Шпанија (18.00), 24 јули: Македонија – Бразил (18.00)

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари