Не престанува да изненадува

Тајсон Фјури ја продава спермата на Твитер

Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, уште еднаш успеа да го украде вниманието на јавноста и тоа заради својот твит на социјалната мрежа „Твитер"

Додека се бори со вишокот на килограми и најверојатно уште неколку други проблеми за кои јавноста се уште не знае, Фјури е многу активен на социјалните мрежи. Овој пат на пазарото одлучи да ја понуди својата сперма, со што ги изненади своите следбеници.

-Дозволете си син светски шампион во тешка категорија, цената е од 50 фунти плус данок, напиша Фјури.

Тајсон Фјури се нема качено на рингот од ноември 2015 годинакога изненадувачки го совлада Украинецот Владимир Кличко , на кого му нанесе пораз по 22 борби, но во мешувреме надвор од рингот ги загуби сите појаси кои ги доби од тој дуел.

Најнови вести

Коментари