Свирежи за српската химна, свирежи за хрватскиот капитен (ВИДЕО)

Евро шампионатот во Хрватска почна неспортски. Публиката во Сплит не дозволи да се слушне националната химна на нивниот прв противник на првенството – Србија.

Не вродија со плод ниту апелите кои непосредно пред интонирањето на химната на гостите, ги направи еден од најдобрите ракометари на Хрватска, Домагој Дувњак.

Дури и тој беше исвиркан од полниот „Спаладиум" во Сплит.

Хрватските медиуми, но и љубители на социјалните мрежи ја осудија постапката на присутните во салата „Спаладиум".

Поврзани

Најнови вести

Коментари