Стадион во Детроит „не сака“ да биде урнат

Планираното рушење на дел од стадионот „Понтијак Силвердом“ во Детроит пропадна бидејќи механизмите за имплозија не биле доволно цврсти за да ги урнат темелите на овој спортски објект.

Во неделата требаше да биде урнат поранешниот стадион на Детроит Лајонс во Понтијаг, во сојузната американска држава Мичиген.

Сепак ова спортско здание изградено во 1975 година му одолеа на експлозивот со кој требаше да биде срушен, а локалните медиуми во шега пренесоа дека „стадинот бил премногу добро изграден“.

По серијата експлозии откако се рачистил облакот од чад и прашина, градежниците биле вчодоневидени од глетката, стадионот речи не се помрднал.

Лајонси своите натпревари на „Силвердом“ ги играа од отворањето па се до 2001 година. На овој стадион натпревари во периодот од 1978 до 1988 година имаат играно и кошаркарите на Детроит Пистонс.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари