Истанбул е место за кошарка - не за политика

Српски навивачи избркани поради шајкачи

На четворица навивачи на српската кошаркарска репрезентација од Чачак им бил забранет влез во арената "Синан Ердем" во Истанбул затоа што на главите носеле шајкачи

Според многумина оправдано, бидејќи станува збор за спортска манифестација, а не за политички собир.

Ги носевме и на претходните натпревари и сметавме дека на тој начин сме им среќа на нашите кошаркари, изјавиле навивачите.

Поради проблемите кои ги имале, тие одлучиле да ја напуштат Турција и од дома да го проследат остатокот од Европското првенство. Сега без нив, српската репрезентација ќе ги одмери силите со селекцијата на Италија, меч кој стартува утре од 20:30 часот во рамки на 1/4 финалето на ЕП.

Горд сум на својот тим и прикажаната игра до сега. Што се однесува до Италија, тоа е противник кој воедно е и кандидат за еден од медалите, што само по себе кажува за каква веле сила станува збор, изјави селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

Селекцијата на Србија ја има фаворитската улога во овој дуел, а тоа го потврди и крилниот центар на Италија, Николо Мели.

Србија несомнено е кандидат за медал на ова првенство, па затоа пред нас е исклучително тежок натпревар. Мораме да играме агресивно, бидејќи тоа е единствениот клуч за успех во овој дуел, изјави Мели.

Претходно, во 17:45 часот ќе се одигра првиот четвртфинален меч за утре, во кој ќе се сретнат репрезентациите на Русија и Грција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари