Кал Карчлоу

Среќен сум што не сум повреден

Британскиот мотоциклист, Кал Кратчлоу, изјави дека е среќен што заврши без повреда на трката која се возеше во Сан Марино и што успеа да освои три поени. Тој излета надвор од патеката само неколку дена по операцијата на левиот показалец

Британскиот возач ја пресече тетивата на раката неколку дена пред оддржувањето на трката. Покрај тоа што мораше да замине на операција, Кратчлоу еден месец ќе мора да носи и посебна ракавица која ќе му го држи прстот исправен. Но и покрај тоа што падна, а потоа се врати на трката и на крајот заврши на тринаесетото место, Кратчлоу вели дека е добро што поминал без никаква посериозна повреда.

Чувствував мала болка кога се вратив на патеката, но знаев дека морам да ја завршам трката. Мотоциклот беше оштетен и до крајот возев без држач за нозете, а дел од рачката го допираше резервоарот. Но, веднаш штом почнав да се чувствувам подобро решив да притиснам и постигнував исто време како и Вињалес. Мислам дека извозев добра трка со оглед на проблемите кои ги имав. Не можев да кочам како што треба бидејќи не можев да ја користам рачката. Но успеав да извозам неколку брзи круга пред крајот на трката и барем успеав да освојам неколку поени, изјави Крaчлоу.

Но, и покрај тоа што возеше повреден во текот на целиот викенд, Кратчлоу вели дека благодарение на менувачот немал потреба да го користи повредениот прст.

Имав мали проблеми на стартот но после тоа бев подобар. Ја удрив раката кога паднав но добро е што ја носев ракавицата па не добив посериозна повреда. Се надевам дека состојбата ќе биде подобра до трката во Арагон, заврши Крaчлоу.

Поврзани

Најнови вести

Коментари