Европско првенство во кошарка

Србија си закажа полуфинале со руските браќа

Репрезентацијата на Србија ќе биде противникот на Русија во полуфиналето од Евробаскетот, откако избраниците на Ѓорѓевиќ ја совладаа Италија со 83:67 и ја оправдаа фаворитската улога 

Популарните „Орли“ разликата ја направија во втората четвртина која ја добија со 26:16 и на крајот сосема заслужено се изборија за место во полуфиналето. Ова е втор пат во низа нашиот северен сосед да избори полуфинале на Европското првенство. 

Како и на преостанатите мечеви главен предводник во српскиот состав беше Богдан Богдановиќ кој забележа 22 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека Мачван постигна 13 коша. На спротивната страна Марко Белинели запиша 18 поени, додека Луиџи Датоме го заврши мечот со 15 коша.

Поврзани

Најнови вести

Коментари