ФУДБАЛЕРОТ НА ТОРИНО СИ ТЕРА ПО СВОЕ

Србија повторно е на нозе поради Адем Љаиќ

Фудбалерот на Торино и пред две години беше во центарот на фудбалската јавност поради истата постапка. Тогашниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ, изјави дека се додека седи во селекторското столче, Љаиќ нема да добие покана да игра за националниот тим

Адем Љаиќ повторно ја налути српската јавност по одигрувањето на квалификацискиот дуел против селекцијата Грузија (1:0). Офанзивниот играч за врска повторно не сакаше да ја пее националната химна. Иако Србија обезбеди директен пласман на претстојниот Мундијал во Русија, спортската јавност и понатаму е фокусирана на Љаиќ.

Фудбалерот на Торино и пред две години беше во центарот на фудбалската јавност поради истата постапка. Тогашниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ, изјави дека се додека седи во селекторското столче, Љаиќ нема да добие покана да игра за националниот тим.

Ако 40.000 фанови ја пеат националната химна, не знам зошто тоа не би го направиле и фудбалерите. Треба да им биде чест што ја претставуваат својата земја, својот народ, изјави тогаш Михајловиќ.

За разлика од неговиот актуелен тренер, офанзивниот играч за врска смета дека тоа што не ја пее химната, не претставува некој сериозен проблем.

Од мали нозе играм за репрезентацијата на мојата земја. Никогаш не е побарано од мене да ја пеам националната химна. Србија е земја и за нас, муслиманите. Ако постои некаков услов, дека морам да ја пеам химната, тогаш повеќе нема да играм за Србија, изјави Љаиќ во 2015 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари