ПОВТОРНО ИСПИШАВМЕ НЕГАТИВНА ИСТОРИЈА

СРАМОТА! Македонија загуби од Гибралтар!!!

Иако одиграа под очекуваното ниво, избраниците на Благоја Милевски создадоа неколку шанси кои не беа искористени, а во 64 минута следеше казната на домашните кои од првата своја акција кон нашиот гол, од прекин, преку Ториља стигнаа до водство од 1:0

За жал, младинската репрезентација на Македонија ја има таа чест да биде првата која може да се "пофали" дека има загубено од младинскиот тим на Гибралтар.

Иако одиграа под очекуваното ниво, избраниците на Благоја Милевски создадоа неколку шанси кои не беа искористени, а во 64 минута следеше казната на домашните кои од првата своја акција кон нашиот гол, од прекин, преку Ториља стигнаа до водство од 1:0.

Во 88. минута Бесар Исени имаше неверојатна шанса барем за бод, но од ситуација во која беше невозможно да не се реализира не успеа да погоди. Сето тоа на крај за триумф на Гибралтар од 1:0. На крај во 95. минута и Попзлатанов уште заработи и црвен картон.

ТАБЕЛА: Русија (3 нат.) 7 бода, Ерменија (5 нат.) 7, Австрија (3 нат.) 6, Србија (2 нат.) 6, МАКЕДОНИЈА (3 нат.) 3, Гибралтар (6 нат.) 3 бода.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари