Скандал на картинг во Бразил: Се обиде да го задави колегата

Незапаметен скандал се случи во Бразил на картинг-шампионатот 500 милји Грањ Вијана. Родриго Дантас физички се пресмета со Тука Роча поради што доби доживотна суспензија на оваа трка.

Дантас најпрвин со борачки зафат го соборил Роча, седнал врз него, го удирал по главата, а потоа се обидел да го задави.

Прашање е каков крај ќе имаше овој инцидент доколку не се вмешаа редарите.

Дантас на оваа трка бил тимски колега со Фелипе Маса, кој во моментот кога се случи инцидентот ја предводеше трката, но остана без победата бидејќи целиот тим потоа бил дисквалификуван.

„Им се извинувам на сите, во целата моја кариера не сум доживеал нешто вакво“, рекол Маса, кој оваа година вторпат се повлече од Формула 1.

Дантас доби доживотна суспензија од оваа трка, на која победи тимот на уште една Формула 1-легенда, Рубенс Баричело.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари