СП во Русија без најзгодната Јужноамериканка

Сите го жалат Парагвај поради секс-бомбата Лариса

Фубалската репрезентација на Парагвај е една од неколкуте губитници кога се во прашање јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија

Имено, во последното коло мораа да ја победат отпишаната селекција на Венецуела се со цел да влезат во комбинација за заверување на билетот за Мундијалот, но Парагвај претрпе неочекуван пораз и тоа со погодокот во 84. минута.

Предводникот на Венецуела, Рафаел Дудамел, откри интересни детали за големата незначајна победа.

Ние пред натпреварот имавме неколку посети во хотелот. Станува збор за згодни девојки кои на тој начин посакуваа да не подмитат. Тоа е стара стратегија на оваа репрезентација. За среќа таквиот обид беше неуспешен и ние ги освоивме сите три бода, изјави Дудамел.

Меѓу девојките кои биле во хотелот се наоѓала и сексапилната Парагвајка Лариса Рикелме. Освен што Парагвај не обезбеди пласман на СП 2018, спортската јавност се разочара бидејќи Лариса нема да биде главна атракција на трибините во Русија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари