РОНАЛДО Е ДЕЛ ОД ЕДНО ЅВЕЗДЕНО ДРУШТВО

Силуваат кога се во врвот од кариерата

Освен Роналдо, кој е обвинет дека го заташкал сексуалниот напад, претходно во таква ситуација беа и Мајк Тајсон, Коби Брајант, Дерек Роуз, Робин ван Перси...

Фудбалскиот свет се уште го тресе аферата "силување", во која главната улога ја игра најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.
Најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М) е само еден од неколкуте спортисти кои во врвот од својата кариера беа обвинети за сексуален напад. Проблем со законот поради идентичен проблем имаа и Мајк Тајсон, Коби Брајант, Дерек Роуз, Робин ван Перси, Никола Булатовиќ....

НИКОЛА БУЛАТОВИЌ
Поранешниот репрезентативец на Југославија во кошарка помина четри години во затвор затоа што во 1998 година беше осуден поради силување на малолетно девојче. Девојката дошла во станот на кошаркарот за да го заврши веќе започнатото интервју кое го правела за школскиот магазин. После пресудата, Булатовиќ беше во бегство шест години, но на 17 декември, 2011 година беше уапсен во Доминиканската Република. На слобода беше пуштен во 2015 година.

МАЈК ТАЈСОН
Во 1992 година, боксерскиот шампион во тешка категорија беше осуден на шест години поради силување на Дезире Вошингтон (18), која беше дел од изборот за мис на убавина. Поради добро однесување, Тајсон беше пуштен на слобода три години порано. Откако го напушти затворот Тајсон изјави дека е нов човек, дека многу вежбал и дека ќе ги врати титулите кои му беа одземени.

КОБИ БРАЈАНТ
Легендарниот НБА кошаркар во 2003 година беше обвинет дека ја силувал 19-годишна девојка која работела во еден познат хотел. Брајант призна дека имал сексуален однос со девојката, но дека таа тоа го одобрила. Жртвата не се појави на судењето и целиот случај беше отфрлен.

ДЕРЕК РОУЗ
Актуелниот кошаркар на Њујорк Никс, во 2013 година беше обвинет дека ја силувал поранешната девојка. Жртвата дури во 2015 година поднесе тужба против кошаркарот, а освен него, за силување го обвини и менаџерот на Роуз, Рендал Хемптон и неговиот пијател Рајан Ален. Во 2016 година, судот во Лос Анџелес донесе ослободителна пресуда затоа што немало доволно докази за да обвинетите бидат прогласени за виновни.

РОБИН ВАН ПЕРСИ
Холандскиот интернационалец од редовите на турскиот гигант Фенербахче во 2005 година, помина два дена во затворската келија поради обвинението дека ја силувал 25-годишната проститутка од Ротердам. Една година подоцна, судот го отфрли целиот случај поради недостаток на докази.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари