Премиер лига

Сигурни победи на фаворитите

Сигурна победа забележа и тимот на Манчестер Сити, откако на домашен терен го торпедираше Кристал Палас со 5:0, додека „ѓаволите" со погодокот на Ромелу Лукаку славеше кај Саутемптон.

Актуелниот шампион во Премиер лигата, екипата на Челзи, забележа убедлива победа на гостувањето кај Стоук, во рамки на шестото коло од најквалитетната англиска лига.

Сигурна победа забележа и тимот на Манчестер Сити, откако на домашен терен го торпедираше Кристал Палас со 5:0, додека „ѓаволите“ со погодокот на Ромелу Лукаку славеше кај Саутемптон.

Претходно во дерби дуелот Тотенхем беше поуспешен од екипата на Вест Хем со 3:2.

Популарните „граѓани“ и Манчестер Јунајтед со новите победи озтануваат на делба на првото место со по 16 бода, додека веднаш зад нив е тимот на Челзи.

Резултати: Вест Хем - Тотенхем 2:3, Стоук - Челзи 0:4, Саутемптон - Манчестер (Ј) 0:1, Манчестер (С) - Кристал Палас 5:0, Евертон - Бурнемут 2:1, Барнли - Хадерсвилд 0:0, Свонси - Ватфорд 1:2. 

Најнови вести

Коментари