ВЕСТ ХЕМ ПОДГОТВЕН ЗА ЗИМСКИ ШОПИНГ

Шурле е зимска желба

Репрезентативецот на Германија не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на "Сигнал Идуна Парк"

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на офанзивниот играч за врска од редовите на германскиот гигант Борусија од Дортмунд, Андрес Шурле.

Неофицијално, веќе на почетокот од јануари, популарните "топчии" ќе испратат официјална понуда за поранешниот фудбалер на Леверкузен, Челзи и Волфсбург, која нема да биде помала од 20 мил. фунти.

Репрезентативецот на Германија не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на "Сигнал Идуна Парк".

Поврзани

Најнови вести

Коментари