Толку од љубовта со Јунајтед

Шо побара да биде продаден

Раководните лица на "црвените ѓаволи" ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за офанзивниот бек не биде помала од 20 мил. фунти

Офанзивниот бек од редовите на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, пред неколку дена им соопштил на клупските челници дека сака да си замине од "Олд Трафорд" за време на летниот преоден рок.

Повремениот репрезентативец на Англија не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, а најголем интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на Њукасл, Стоук, Тотенхем и на Кристал Палас.

Раководните лица на "црвените ѓаволи" ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за офанзивниот бек не биде помала од 20 мил. фунти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари