Фотовест

Серена ја покажа ќерката

Американската тенисерка Серена Вилијамс ужива во мајчинството, а одлучи да ја покаже својата слатка ќеркичка на јавноста. Малата Алексис Олимпија Оханијан спие на градите на својата мајка, фотографија што секако ја отсликува хармонијата на некогаш најдобрата светска тенисерка.

-Запознајте ја Алексис Олимпија Оханијан јуниор, нашата преслатка ќеркичка,објави Серена Вилијамс на Инстаграм. Секако, доби милиони пораки дека и двете се преслатки и треба да ужива во улогата на мајка.

Серена призна дека е трудна сосема случајно кога ја постави својата фотграфија на "Снепчет" ,а на која јасно се виде дека е бремена. Победи на Австралија опен во јануари годинава, а раната бременост не и пречеше да го направи тоа. Во интервјуто кое го даде за Вог, објасни дека сакала да ја одбрани титулата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари