ЖДРЕПКА ЗА ПОЛУФИНАЛНАТА РУНДА ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Селта е следната жртва на Јунајтед

Првите полуфинални натпревари се закажани за 4. мај, а реванш дуелите ќе бидат одиграни седум дена подоцна

Најголемиот фаворит за победничкиот трофеј, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, за противник во полуфиналната рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, го доби шпанскиот преставник, Селта од Виго.

Во втората полуфинална пресметка, силите ќе го одмерат, фудбалерите на холандскиот гигант Ајакс и на францускиот прволигаш Олимпик од Лион.

Првите полуфинални натпревари се закажани за 4. мај, а реванш дуелите ќе бидат одиграни седум дена подоцна.

Најнови вести

Коментари