Скандал во женската репрезентација на Хрватска

Селекторот ја пипкал одбојкарката, па морал да си поднесе оставка!

Селекторот ја преминал границата и доволно било само еден допир со рака за одбојакрката да збесне и веднаш да ги повика родителите. Настанала вистинска бура во хотелот. Останатите одобојкарки многу брзо дознаа се што се случичо. Сите биле шокирани. Селекторот најверојатно брзо сфати дека погрешил, дека претерал, но повеќе не можел назад, пишува "Вечерњи лист".

Селекторот на хрватската женска одбојкарска репрезентација Мирослав Аксентијевиќ, два дена пред заминувањето на подгоровките за ЕП во Грузија, поднесе оставка од функцијата поради "приватни причини", а Управниот одбор на Хрватската одбојкарска репрезентација ја прифати, пишува хрватскиот интернет портал "Вечерњи лист".

Официјално, Аксентијевиќ си поднел оставка поради проблеми со срцето, а неофицијално поради вознемирување на една од одбојакрките. Се почнало со нормален разговор, а потоа истиот се претворил во нешто што никогаш не требало да се случи.

"Селекторот ја преминал границата и доволно било само еден допир со рака за одбојакрката да збесне и веднаш да ги повика родителите. Настанала вистинска бура во хотелот. Останатите одобојкарки многу брзо дознаа се што се случичо. Сите биле шокирани. Селекторот најверојатно брзо сфати дека погрешил, дека претерал, но повеќе не можел назад. Јасно, оваа приказна никој од учесниците не сакал да ја потврди. Селекторот не се јавува, како ни споменатата одбојкарка. Разбирливо, паметна девојка ", пишува "Вечерњи лист".

Мирослав Аксентијевиќ немал врвна играчка кариера, но како тренер бил многу успешен. Бил во стручниот штаб на српската одбојкарска репрезентација, а во 2007 година дошол во Вараждин, каде два пати бил шампион на Хрватска. Потоа беше селектор на хрватската женска репрезентација. Додека беше тренер во Хрватска, никогаш немал проблеми, барем не вакви.

"Една грешка, за жал ќе ја одбележи неговата кариера. Без разлика на тоа што не се случило уште нешто пострашно. А можело да се случи. Прашање е дали повеќе ќе може да работи во Хрватска. Управниот одбор одлучи нов селектор да биде Игор Ловринов." - пишува "Вечерњи лист".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари