Повторно активна на насловната на "Плејбој"

Секс-бомбата Мејс испрати јасна порака за Ван дер Вард

Поранешната сопруга на холандскиот интернационалец, Рафаел Ван дер Варт, Силви Мејс, повторно е во центарот на внимание откако го истакна својот задник на насловните страници на познатото списание "Плејбој"

Таа е една од најбараните манекенки во светот во делот на модата и презетирањето на долна облека, а со последната фотосесија ја оправда таа титула.

Атрактивната манекенка и ТВ-водителка откри дека секогаш ја привлекуваат луѓето од фудбалскиот свет, но моментално не размислува за врска, бидејќи се уште чувствувала горчина од бракот со Рафаел со кој траеше од 2005 до 2012 година.

Од секогаш посакував да бидам сопруга на фудбалер. Тоа и ми се случи во животот, но немам намера да го повторам тоа. Имам лошо искуство со човекот кој го сакав премногу. Во тој брак за нашата разделба влијаеја неколку фактори, прво поради лични проблеми кои ги имав, потоа неговите трансфери низ Европа и нашиот фокус на сопствените кариери. Додека пробував да го средам тоа, тој почна да се забавува со друга жена, изјави Мејс по разделбата со Холанѓанецот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари