Евролига (1. коло)

Седум поени за Теодор, Уникаха го „сопна“ шампионот

Европскиот кошаркарски шампион, Фенербахче, со пораз ја стартуваше новата сезона во Евролигата, откако на гостувањето кај Уникаха загуби со 68:67

На почетокот од натпрварот во Шпанија, двете екипи постојано го менуваа водството, но во втората четвртина турскиот гигант ја превзема контролата на натпреварот и до пред крајот постопјано беше во водство. Сепак, домашните кошаркари се „разбудија“ и со серија од 12:0 во последната четвртина дојдоа до посакуваната победа. На две секунди пред звукот на сирената, Костас Слукас пропушти можност на му донесе победа на актуелниот шампион, но неговиот шут за два поени не беше прецизен. 

Најефикасен во победничкиот тим беше Џорџи Шермадини со 12 поени, додека на спротивната страна Костас Слукас постигна 15 коша. 

На останатите натпревари сигурни победи забележаа фаворитите, па така, Реал Мадрид славеше кај Анадолу Ефес со 88:74, ЦСКА (М) на домашен терен беше подобра од Армани Милано со 93:84, Макаби на гости го победи Бамберг со 88:71, додека Олимпијакос пред своите фанови триумфираше со 75:64 против Басконија. 

За екипата на Армани настапи и натурализираниот Американец, кој во претквалификациите го облече дресот на Македонија, Џордан Теодор. Тој помина 26 минути на теренот и постигна седум поени. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари