Се пензионира најгрдиот тениски Казанова

„Ја завршувам тениската кариера. Минатата година по операцијата воопшто не ми беше лесно. Не сакам да си го загрозувам животот и следната фаза која ми претстои, па затоа време е да кажам крај. Отсекогаш знаев дека кариерата е ограничена. Морам да бидам реален, телото не ми издржува“, изјави Штепанек.

Највисокиот ранкинг на Штепанек во сингл беше шесто место на АТП-листата во 2006 година и четвртото место во двојки во 2012 година.
Со години беше на врвот на тенисот, никогаш на врвот, освен во една категорија, во која беше ненадминлив.

Иако на анкети беше прогласуван за најгрдиот тенисер на светот, тоа не му пречеше да ја стекне титулата тениски Казанова, во чијшто кревет поминале Мартина Хингис, Никол Ваидишова, Петра Квитова.


Штешанек дури и беше свршен со Мартина Хингис, а со Ваидишова беше во брак од 2010 до 2013. Со Квитова почна да се забавува пред две години.

Boat life 🇬🇷🇬🇷✌🏻🚤 #greece#zakynthos#sea#sun#water#boattrips#explore#holiday#

A post shared by Nicki Vaidisova (@nicolevaidisova) on

Секако, освен овие три тенисерки кои ѝ се познати на јавноста, списокот девојки на Штепанек е многу подолг, па оттаму и прекарот.

Okamziky stesti – skvela knizka od Patrika Hartla. Doporucuju 👍 #bookstagram 📖

A post shared by Petra Kvitova (@petra.kvitova) on


Штепанек ќе му биде тренер на Новак Ѓоковиќ во новата сезона.

Поврзани

Најнови вести

Коментари