На Мик Шумахер му преостанува уште малку до полнолетството

Се натпреварува во Формула, а се уште нема возачка дозвола

Синот на седумкратниот шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, Мик, наскоро ќе напони 18 години, што значи дека ќе има возачка дозвола која со нетрение ја очекува

Михаел Шумахер се рехабилитира од тешката повреда со која се здоби уште во 2013 година, а додека неговиот син гради кариера во шампионатот во Формула. Тој во изминатите неколку години веќе се прослави во Формула 4, а моментно е на ранг погоре, односно Ф3. Но, додека младиот Мик јури на трките во Формула, во приватниот живот не смее ни да помириса волан. Воедно, со своите 17 години се уште нема стиснато гас низ улиците, но во среда ќе стане полнолетен и со положување на испитот за возачи ќе може да го направи тоа низ булеварите во Германија.

Едвај го очекувам моето полнолетство за да положам за автомовил и да излезам на улица, надвор од патеките во Формула, изјави Мик.

Тој го најави своето очекување за новата сезона во Формула 3.

Новата сезона е голем предизвик за мене. Формула 3 е мојот следен чекор. Конкуренцијата ќе биде брза и силна, се ќе биде поинаку во однос на минатата, а секако и многу потешко, додаде младиот Шумахер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари