ЛЕСТЕР СО НАЈКОНКРЕТНА ПОНУДА

Сања е бековска опција

Доколку ја прифати понудата на популарните "лисици", францускиот интернационалец ќе си обезбеди годинашна плата не помала од 2 мил. фунти

Англискиот премиерлигаш Лестер, најверојатно ќе биде следната дестинација на францускиот интернационалец Бакари Сања.

Поранешниот фудбалер на Оксер, Арсенал и на Манчестер Сити, моментално има статус на слободен фудбалер, а во изминатите неколку недели, интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на Галатсарај, Фенербахче и на Торино.

Доколку ја прифати понудата на популарните "лисици", францускиот интернационалец ќе си обезбеди годинашна плата не помала од 2 мил. фунти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари