Медицината напредува со брзина на светлината

Русите пронајдоа подобар допинг од мелдониум и не е забранет

На руската медицина не и требаше многу време за да пронајде замена за збранетиот мелдониум, лек поради кој многу спортисти паднаа на допнг тест и мораа да издржат суспензија од две години, меѓу кои беше и поранешниот светски женски тениски рекет број еден Русинката Марија Шарапова.

Докторот на Медицинско-биолошката академија, Владимир Ујба, изјави дека Русија пронашла неколку лекови кои не се забранети, а кои имаат многу подобро дејство од „мелдониумот", пренесуваат руските медиуми.

Од Медицинско-биолошката академија која е задолжена за медицинската поддршка на руските репрезентации во повеќе спортови, не објавија за кои лекови се работи и дали нив веќе ги користат руските спортисти.

Минатата година повеќе од 100 спортисти беа позитивни на лекот за срце, „мелдониум", кој на почетокот на минатата година беше ставен на листата на забранети супстанци. Повеќето од овие спортисти беа ослободени од вината, откако докажаа дека престанале да земаат „мелдониум" пред тој да биде забранет, а Шарапова беше суспендирана затоа што ја употребувала оваа супстанца по први јануари 2016 година.

Таа веќе ја издржа суспензијата од 15 месеци и ќе се врати на теренот на 26 април на турнирот во Штутгарт, а ќе настапи и на турнирите во Мадрид и Рим.

Најнови вести

Коментари