Европско првенство во кошарка

Русија се разбуди во финишот за полуфинале

Репрезентацијата на Русија е третиот полуфиналист на Европското кошаркарско првенство, откако во 1/4 финалето славеше над селекцијата на Грција со 74:69

Нашиот јужен сосед ја имаше резултатската контрова во првите три четвртини, но Русија се разбуди во последната четвртина и го сврте резултатот во своја корист, за на крајот да дојде до полуфинале. 

За место во финалето, избраниците на Сергеј Базаревиќ ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Србија и Италија, меч кој ќе стартува од 20:30 часот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Швед со 26 поени, додека на спротивната страна Калатес постигна 25 коша. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари