На одмор во Нов Зеланд

Ронда Роуз го нокаутира својот дечко Тревис Браун

Поранешната светска шампионка во мешани боречки вештини (ММА), Ронда Роуз, објави дека се верила. Нејзиниот избраник е исто така ММА борец, Тревис Браун и тој се натпреварува во тешка категотија.

Тој откри деја ја запрсил додека стоеле под водопад на одморот во Нов Зеланд.

-Ќе се венчаме. Не знам како се планира свадба, но ќе се случи, изјави 30 – годишната Роуз за американските медиуми.

Роуз стана прва шампионка на организацијата УФЦ 2012 година, кога беа воведени женски категории. Оваа Американка освои бронзен медал во џудо на Олимписките игри во Пекинг во 2008 годин.

Во бантам категорија имапе шест последователни одбрани на титулата, а потоа во ноември загуби од Холи Холм, која ја нокаутира во втората рунда. По овој дебакл Ронда цела година не влезе во рингор за на 30 декември минатата година да ја предизвика актуелната шампионка Аманда Нуњеш. Во тој меч беше нокаутирана за 48 секунди. Попранешната шампионка не даваше интервјуа и ги избегна сите задолжителни промоции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари