Го чекаа, но не го дочекаа

Роналдо не беше расположен за селфи со фановите на "Александар Велики"

Многумна страсни навивачи на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и шпанскиот гигант Реал Мадрид, не успеаја да добијат автограм и да направат селфи со своите миленици по пристигнувањето на двата тима на аеродромот „Александар Велики".

Причината за ова е што ѕвездите на тимовите не беа расположени да ја поминат стандарната процедура као и обичните патници и беа спроцедени на ВИП излезот, кои беше под силно обезбедување. Се што можеше да се забележи, но од далеку беше автобусот со кој фудбалерите и стручниот штаб беа транспортирани од аеродромот до хотелот каде исто така не беше дозволено фотографирање на фудбалерите.

Роналдо, Марсело, Карваха, Иско, Бензема, Де Хеа, Марсијал, Мата, Погба, Лукаку.. ќе може само да се видат на теренот на „Телеком Арена", а за автограм и селфи ќе треба да се пробие силното обезбедување....

Поврзани

Најнови вести

Коментари