МУРИЊО СЕ СООЧИ СО СУРОВАТА РЕАЛНОСТ

Роналдо е невозможна мисија за Јунајтед

Сепак, контроверзниот менаџер откри дека поради "финансиски потешкотии", Јунајтед не е во можност да ги осигура услугите на Роналдо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, откри дека англискиот премиерлигаш не е во можност да ги осигура и услугите на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

Ѕвездата на Реал (М) е во конфликт со шпанските власти кои го обвинија за затајување данок и поради тој проблем, Роналдо сериозно размислува за промена на клупската средина, а фудбалските медиуми на големо пишуваа дека Португалецот ќе направи кам-бек на "Олд Трафорд".

Сепак, контроверзниот менаџер откри дека поради "финансиски потешкотии", Јунајтед не е во можност да ги осигура услугите на Роналдо.

Нема да дозволам, мојот клуб да губи време на фудбалери кои се невозможна мисија. Роналдо е многу важен фудбалер за Реал (М) и е фудбалер со голема економска моќ. Не можеме да пронајдеме ниту една причина која ќе не натреа да помислиме дека Роналдо ќе си замине од Реал (М), изјави Мурињо.

Португалскиот стручњак стави крај и на трасфер шпекулацијата дека Алваро Мората ќе биде следната аквизиција на "црвените ѓаволи".

Многу ми е жал за Мората. Се избори за првотимски статус кога јас бев тренер на Реал (М). Го сакам, уживав додека го гледав неговиот напредок во дресот на Јувентус и Реал (М). Не постигнавме договор со шпанскиот клуб и нема да дојде на "Олд Трафорд", изјави Мурињо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари