Колумбиецот имаше топло добредојде

Родригез на пробa кај цицлестата Карвер

Атрактивната Германка, Џордан Карвер, која важи за една од најубавите навивачки на германскиот шампион, Баерн од Минхен, му посака среќа на новајлијата во тимот на „баварците", Колумбиецот Хамес Родригез.

Младиот фудбалер неодамна премина од редовите на Реал Мадрид во бундеслигашот на двегодишна позајмица, иако го продолжи догворот со „кралевите" до 2021 година.

Доаѓањето на Родригез на „Алијанц" арената најмногу ја израдува сексапилната Карвер, која е муза на баварскиот клуб. Таа е родена во Трир, но е верен фан на клубот од Минхен.

Инаку, Џордан се занимава со манекенство, а моментно живее во Лос Анџелес. Позната е по големите гради, па затоа, честопати се наоѓа на насловните страници на голем број машки магазини.

Убавата Германка му посака добредојде на Родригез во новиот клуб, но не знаеме како ќе реагира неговата сопруга, Даниела Оспина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари