Свездата на Сакраменто во сериозни проблеми

Рендолф уапсен поради поседување на марихуана

Три лица меѓу кои и Рендолф биле уапсени поради поседување на марихуана. По приведувањето, осомичените непристојно се однесувале, па припадниците на полицијата морале да повикаат појачување

Крилниот кошаркар на Сакраменто, Зек Рендолф, е уапсен поради поседување на голема количина на марихуана. Тој заедно со неколку пријатели пушеле марихуана на улица, но кошаркарот со себе имал поголема количина на дрога се со цел да ја продаде.

Како што пренесуваат американските медиуми полицијата во доцните часови во едно од предградијата на Лос Анџелес, затекнала поголема група на луѓе кои пушеле марихуана, се забавувале на гласна музика и ја блокирале улицата.

Три лица меѓу кои и Рендолф биле уапсени поради поседување на марихуана. По приведувањето, осомичените непристојно се однесувале, па припадниците на полицијата морале да повикаат појачување.

Истиот извор наведува дека шест полициски автомобили биле оштетени пред полицијата да воспостави ред. Службениците пронашле и две оружја, како и поголема сума пари, а запленила и два автомобила. Се уште не е познато дали некоја од овие работи припаѓа на кошаркарот. Рендолф неодамна од Мемфис премина во редовите на Сакраменто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари