Во Сакраменто здивнаа пред почетокот на сезоната

Рендолф одлично помина во случајот "марихуана"

Кошаркарот на Сакраменто, Зек Рендолф, постигна договор со обвинителството во САД, откако во август годинава беше уапсен поради поседување на марихуана

Имено, тој првично беше обвинет поради одгледување на марихуана, со намера истата да ја продаде, но судот одлучи кошаркарот да биде казнет само со поседување на дрога заради медицински цели. Поради тоа, обвинителството му изрече волонтерска работа од 150 часа, на што експресно прифати и кошаркарот на Сакраменто.

Рандолф е осуден на 150 часа на волонтерска работа, што значи дека ако се направи предвидената казна и во наредните 12 месеци нема никаков допир со марихуана, обвинението ќе му биде избрише од неговото досие, стои во соопштението на тамошното обвинителство.

Рендолф минатата година потпиша договор со "кралевите" за наредните две сезони во износ од 24 милиони долари. Тој претходно осум сезони го носеше дресот на Мемфис.

Минатата сезона бележеше во просек по 14,1 поен и 8,2 скока, така што "кралевите" очекуваат многу од него во новата НБА сезона, пред се се очекува од него да ја зацврсти внатрешната линија на Сакраменто, заедно со Вил Каули - Стајн, Костас Куфос и Скал Лебисиер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари