НОВ ПРОБЛЕМ ЗА РЕАЛ (М)

Реал (М) остана и без услугите на Марсело

Тој скинал мускул на левата нога, што значи дека ќе паузира од 30 до 45 дена, јавија денеска шпанските медиуми. Марсело се повреди во второто полувреме од натпреварот со Бетис, кој Реал го загуби со 0:1

По поразот од Бетис во средата по кој бодовната разлика со лидерот на табелата Барселона се зголеми на цели 7 бода, уште лоши вести доаѓаат за тимот на Реал Мадрид. По повредата на младиот лев бек, Тео Хернандес, надвор од терените најмалку месец и половина ќе биде и првиот избор за оваа позиција на Зинедин Зидан, Бразилецот Марсело.

Тој скинал мускул на левата нога, што значи дека ќе паузира од 30 до 45 дена, јавија денеска шпанските медиуми. Марсело се повреди во второто полувреме од натпреварот со Бетис, кој Реал го загуби со 0:1.

Иако почна доминантно во суперкуповите на Шпанија и на УЕФА, со победи над Барселона и Манчестер јунајтед, Реал на самиот старт на сезоната заостанува значително во домашното првенство. Во пет меча има само две победи, два пораза и едно реми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари