Реал е очаен но, затоа Роналдо е подобар од лани

Слабите настапи на Реал Мадрид сезонава создадоа перцепција дека Кристијано Роналдо, исто така, има лоша сезона на индивидуално ниво, но статистиката покажува нешто друго.

Со хет-трикот против Реал Сосиедад, Роналдо стигна до бројката 23 гола сезонава во сите натпреварувања, што е за два повеќе од истиот период минатата сезона. Португалецот досега сезонава постигна 11 гола во Ла Лига, 9 во ЛШ, 2 на Светското клупско првенство и 1 во шпанскиот Суперкуп.

Минатата сезона, тој имаше постигнато 21 гол, вклучувајќи го и погодокот против Осасуна на 11 февруари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари