Вотфорд прва опција за Италијанецот

Раниери пред кам - бек во Премиер лига

Веќе подолго време на Островот кружат гласини дека италијанскиот стручњак, Клаудио Раниери, кој пред една година му ја донесе шампионскиата титула на Лестер, експресно ќе се врати во Премиер лигата. Овие информации се уште поголеми откако Валтер Мацари ќе ја заврши својата мисијата во екипата на Вотфорд на крајот од оваа сезона, па менаџерското столче останува празно

Клубот му се заблагодари со кусо соопштение, а остана нејасно зошто си заминува, пред се поради тоа што семејството Поцо долго време чекаше да го ангажира поранешниот тренер на Наполи и Интер.

Вотфорд одигра солидна сезона, многумина им предвидуваа битка за опстанок, но јасно беше дека имаат добар тим за да стравуваат од такво нешто. Тоа и се случи, без оглед на тоа што популарниот Игало не ги повтори игрите од минатата сезона, на крајот и си замина, иако „стршлените" не беа загрозени околу опстанокот во Премиер лигата.

Како и да е, медиумите тврдат дека останатите играчи барале нов тренер и клубот ќе направи се за да го доведе Раниери, а воедно и тој посакува враќање во Премиер лигата.

Раниери по отказот во Лестер истакнуваше дека тоа не е крај на неговата кариера, ги одби понудите од Кина, дури и во Серија А, каде не сака да работи, па сигурно е дека понудата на Вотфорд е примамлива, пред се поради тоа што имаат солиден тим и можност да доведуваат искусни играчи од Италија, каде семејството Поцо го поседува Удинезе.

Останува да се види каков ќе биде расплетот на целата ситуација, но јасно е дека Раниери долго време ја чекаше шансата од Премиер лигата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари